Ана Брнабиќ е избрана за претседателка на Собранието на Србија

Досегашната премиерка и функционерка на владејачката Српска напредна партија (СНС) Ана Брнабиќ е избрана за нов претседател на српскиот парламент. За неа гласаа 153 пратеници, а пет беа против, пишуваат медиумите во Србија.

Предлогот Брнабиќ да биде избрана на таа функција се расправаше три дена, кои беа обележани со навреди и довикувања кон пратениците.Во текот на расправата пратениците од опозицијата го критикуваа владиниот предлог за избор на Брнабиќ за шеф на парламентот.

Претставничката на пратеничката група „Србија против насилството“, Мариника Тепиќ изјави дека два клучни скандали го одбележале мандатот на Ана Брнабиќ за премиерка на Србија. Тепиќ во собраниската расправа за изборот на Ана Брнабиќ за претседателка на Собранието истакна дека за неа не слушнала пофалби од редовите на Српската напредна странка, како и дека биографијата на идниот шеф на Собранието е само на една страница, на која ништо не пишува за нејзината седумгодишна работа како премиеркс.

Коалицијата “„Надеж“ соопшти дека нема да го поддржи изборот на Ана Брнабиќ за претседател на српскиот парламент, бидејќи за време на мандатот на нејзината влада ситуацијата на Косово беше доведена до точка на вриење и дојде до апсолутен колапс на институциите на владеењето на правото, изјави претставникот на групата Нови ДСС – ПОКС Ненад Томашевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот