Амнести тврди дека хрватската полиција ги тепа мигрантите кои бараат азил, има и снимки

Фото: Amnesty International

Според сведоците, полицијата „пукала во воздух, а потоа ги удрила и ги тепала заврзаните мажи со метални шипки и со рачка од пиштол”, се вели во соопштението на Амнести Интернешнл.

Група бегалци кои барале азил била злоставувана од хрватската полиција на границата со Босна и Херцеговина минатиот месец, соопшти денеска хуманитарната организација Амнести Интернешнл (АИ).

„Шеснаесет лица од Авганистан и Пакистан биле киднапирани, претепани и врзани од страна на хрватски полицајци, кои потоа им размачкувале храна по раните”, соопшти Амнести по сведочењето на шестмина бегалци.

Десет мажи се здобиле со сериозни повреди, вклучувајќи скршеници на коските и повреди на главата, а на на една од жртвите оттогаш му е потребна инвалидска количка.

Според сведочењето на жртвите, меѓу осум и десет полицајци во црни униформи ги злоставувале бегалците во текот на ноќта меѓу 26 и 27 мај недалеку од Плитвички Езера, пренесува „Јутарњи лист”.

Според сведоците, полицијата „пукала во воздух, а потоа ги удрила и ги тепала заврзаните мажи со метални шипки и со рачка од пиштол”, се вели во соопштението на Амнести Интернешнл.

„Полициските службеници потоа им триеле кечап, мајонез и шеќер во раскрвавените глави на бегалците и на косата на другите бегалци”, се вели во соопштението на организацијата.

Фото: Amnesty International

АИ информира дека подоцна е разговарано со лекари во БиХ, каде биле протерани азилантите, при што тие потврдиле дека бегалците за време на тортурата се здобиле со фрактура на коски, исеченици, модринки, повреди на главата и колапс на белите дробови.

Хрватското Министерство за внатрешни работи сè уште не ги коментираше обвинувањата.

Фото: Amnesty International

– Европската унија веќе не смее да молчи и намерно да го игнорира насилството и злоставувањата кои ги вршат хрватските полицајци на границата, бидејќи со тоа дава своја согласност и ги охрабрува сторителите да продолжат да го прават истото, без последици, предупреди Масимо Морати, заменик директор на Канцеларијата за Европа на Амнести Интернешнл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот