Амфилохије одговори на последното предупредување од Марковиќ: Црквата не поттикнува демонстрации

Фото: Википедиа

„Оваа Црква не е против државата ниту, на било кој начин, го поткопува нејзиниот правен поредок. Секој напад врз полицијата го сметаме за подметнување против Црквата. Го поддржуваме неговиот (на Марковиќ) повик за дијалог, но само таков дијалог во кој би се почитувал ставот на Црквата, а досега тоа не се случи, туку се покажа како партиско и беззаконско едноумие“, се наведува во соопштението.

Митрополитот црногорско-приморски вечерва му одговори на црногорскиот премиер Душко Марковиќ дека Црквата не ги поттикнува демонстрациите, особено не оние насилните, ниту пак на судири со полицијата, по повод донесување на Законот за слобода на вероисповед, пренесоа српските медиуми.

– Тоа, од друга страна, не значи дека верниците не се слободни да го искажат своето противење на беззаконието и лошата намера кон нашата Црква кое следеше по донесувањето на овој Закон, и истото храбро, јасно и одлучно да го соопштуваат во јавноста – порача митрополитот Амфилохије.

Во соопштението испратено до медиумите, се наведува дека Марковиќ претходно денес го повикал митрополитот на одговорност за насилнството и потполно непримерно му упатил предупредување, иако, како што велат, и самиот митрополит и црногорско-приморската митрополија јасно и недвосмислено рекле дека се против насилството.

– Оваа Црква не е против државата ниту, на било кој начин, го поткопува нејзиниот правен поредок. Секој напад врз полицијата го сметаме за подметнување против Црквата. Го поддржуваме неговиот (на Марковиќ) повик за дијалог, но само таков дијалог во кој би се почитувал ставот на Црквата, а досега тоа не се случи, туку се покажа како партиско и беззаконско едноумие – се наведува во соопштението.

Се додава дека денес во Улцињ е одржан Епископски совет на Српската православна црква (СПЦ) во Црна Гора на кој сите свештеници и во оваа можност, без ислучоци, ја покажале својата верност на митрополитот, на Митрополијата и на српската патријаршија.

Претходно денес, црногорскиот премиер Душко Марковиќ го предупреди митрополитот Амфилохије да не поттикнува немири во Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот