Зеленски, Трамп и Венс за време на тензичната средба во Овалната соба / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Американските функционери го напаѓаат Зеленски: Ако не се вразуми, на Украина ѝ треба нов лидер

Главниот советник на претседателот Доналд Трамп, Мајк Волц, денеска изјави дека на САД им е потребен лидер на Украина кој е подготвен да гарантира траен мир со Русија, но дека не е јасно дали украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен да го стори тоа.

Неколку дена по вербалната пресметка пред камерите во Овалната соба меѓу Трамп, Зеленски и потпретседателот Џеј Ди Венс, советникот за национална безбедност на Белата куќа Валц изјави дека Вашингтон сака да гарантира постојан мир меѓу Москва и Киев, кој вклучува територијални отстапки во замена за безбедносни гаранции, а за нив е задолжена Европа.

„Она што го велам е дека оваа војна треба да заврши, а тоа ќе бара територијални отстапки. Ова ќе бара руски отстапки по прашањето за безбедносните гаранции“, рече тој.

Запрашан за деталите за руските отстапки, тој рече: „Ова очигледно ќе биде некаква територијална отстапка за безбедносни гаранции во иднина“, укажувајќи на „безбедносните гаранции предводени од Европа“.

За американските безбедносни гаранции, додаде тој, „треба да се преговараат“.

Запрашан дали Трамп сака Зеленски да поднесе оставка, Валц изјави за Си-Ен-Ен: „Потребен ни е лидер кој може да се справи со нас, и на крајот со Русите, и кој може да стави крај на оваа војна“.

„Ако стане очигледно дека личните или политичките мотиви на претседателот Зеленски се разликуваат од целта – ставање крај на борбите во неговата земја – мислам дека имаме реален проблем“, додаде Валц.

И претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, стави до знаење дека на Украина можеби и треба друг лидер доколку Зеленски не ги исполни барањата на САД.

„Нешто мора да се промени. Или треба да се вразуми и да се врати на преговарачката маса во знак на благодарност или некој друг треба да ја води земјата во таа насока“, изјави тој за Ен-Би-Си.

Разговорот меѓу Трамп и Зеленски во петокот доведе до силни меѓусебни тензии.

Резултатот е фактот дека договорот меѓу Украина и САД за заеднички развој на природните ресурси на Украина останува непотпишан и неизвесен.

Во програмата „Оваа недела на Еј-Би-Си“, државниот секретар Марко Рубио рече дека не разговарал со Зеленски од петокот. „Ќе бидеме подготвени повторно да се ангажираме кога тие ќе бидат подготвени да склучат мир“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот