авион тајфун EPA/ERWIN SCHERIAU AUSTRIA OUT

Американски воени авиони двапати без прашање летале над Австрија, ловци „Еурофајтер“ ги пресретнале

Австрија неделава подигнала борбени авиони „Еурофајтер“ откако американски воени летала во два наврати без дозвола го нарушиле воздушниот простор на државата, објави „„Велт““.

Според информациите, ловците биле испратени за идентификација и проверка на летовите, поради сомнежи околу комуникацијата и пријавените рути на американските авиони.

Инцидентот повторно ја стави Австрија во центарот на дебатата околу воената неутралност и растечките тензии во Европа. Виена веќе подолго време испраќа сигнали дека не сака нејзиниот воздушен простор автоматски да се користи за операции поврзани со актуелните конфликти.

Австриските власти претходно одбиле повеќе барања за американски воени прелети, повикувајќи се на неутралниот статус што земјата го има со децении.

Иако ваквите пресретнувања се дел од стандардните безбедносни процедури, случајот привлече внимание бидејќи доаѓа во чувствителен геополитички момент, со зголемено движење на НАТО и американски сили низ Европа.

Што ќе се случи со нуклеарниот материјал на Иран?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот