Што ќе се случи со нуклеарниот материјал на Иран?

Иран и понатаму располага со повеќе од 440 килограми ураниум збогатен до 60 проценти, а прашањето што ќе се случи со нуклеарниот материјал повторно е во фокусот по последните тензии меѓу Техеран и Вашингтон, пишува „Дојче веле“.

Станува збор за количество кое теоретски може релативно брзо да се збогати до 90 проценти и да стане употребливо за производство на нуклеарно оружје.

Американскиот претседател Доналд Трамп повеќепати изјави дека САД ќе го преземат материјалот, кој самиот го нарекува „нуклеарна прашина“, повикувајќи се на американските напади врз иранските нуклеарни постројки од минатата година. Кога трите главни ирански нуклеарни постројки – Исфахан, Фордо и Натанц, кои претрпеле сериозни оштетувања за време на операцијата „Полноќен чекан“.

Трамп во различни изјави тврдеше дека Вашингтон ќе влезе во Иран за да го преземе ураниумот, па дури и дека тоа би се правело со багери по евентуален мировен договор. Но, Техеран засега не потврдува никаков договор.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагачи изјави дека материјалот и понатаму се наоѓа под урнатините од нападите и дека Иран нема план да го извлекува, иако не ја исклучи можноста дел од резервите во иднина да бидат разредени како дел од евентуален договор со САД.

Дополнителна неизвесност создава и фактот што не е целосно јасно каде се наоѓа ураниумот.

Според директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси, најголемиот дел најверојатно сè уште е во комплексот Исфахан, иако постојат шпекулации дека дел од материјалот можеби бил префрлен во Фордо или во нуклеарната централа Бушер.

Сепак експертите предупредуваат дека евентуално извлекување и транспорт на високо збогатен ураниум би било исклучително сложена и ризична операција, особено бидејќи дел од материјалот се чува во подземни објекти.

Во меѓувреме, Москва порача дека Вашингтон не може еднострано да го преземе иранскиот ураниум.

Претседателот на Комитетот за информативна политика на рускиот Совет на Федерацијата, Алексеј Пушков, изјави дека за таков потег се потребни мир, договор со Иран, план со Меѓународната агенција за атомска енергија и целосна согласност од Техеран.

„САД можат да набљудуваат, но не можат да го извлечат збогатениот ураниум без согласност на Иран“, порача Пушков.

Поранешниот американски советник за национална безбедност Цон Болтон ја спореди ситуацијата со демонтирањето на либиската нуклеарна програма во раните 2000-ти, но оцени дека иранската програма денес е далеку поразвиена и покомплицирана.

Прашањето што ќе се случи со иранскиот збогатен ураниум останува едно од клучните отворени прашања во односите меѓу Вашингтон и Техеран, додека разговорите за нов договор и понатаму се неизвесни, ова е голем предизвик за глобалната дипломатија.

Фрустриран од Иран, Трамп конечно заплени збогатен ураниум – но од Венецуела

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот