Фрустриран од Иран, Трамп конечно заплени збогатен ураниум – но од Венецуела
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп успеа да заплени високо збогатен ураниум – но не од Иран, туку од Венецуела, пишува „Гардијан“.
Препорачано
Американското Министерство за енергетика соопшти дека 13,5 килограми високо збогатен ураниум биле отстранети од истражувачки реактор во близина на Каракас и префрлени во САД во рамки на заедничка операција со Велика Британија и Венецуелските власти. Ураниумот бил транспортиран до објект на американското Министерство за енергетика во Јужна Каролина.
Операцијата доаѓа во период кога Вашингтон сè уште не успева да обезбеди договор со Иран за предавање на неговите резерви од 408 килограми високо збогатен ураниум.
ВИДЕО | Трамп: Moжам да бидам претседател на Венецуела, само да го совладам шпанскиот
Во меѓувреме, односите меѓу Вашингтон и Каракас почнаа повторно да се подобруваат по потезите на администрацијата на Доналд Трамп од почетокот на годината. САД повторно воспоставија дипломатски контакти со Венецуела, обновени се дел од комерцијалните летови, а американската амбасада во Каракас повторно функционира. Истовремено, американски компании повторно покажуваат интерес за енергетскиот и рударскиот сектор во земјата.
Но, додека дел од бизнис-заедницата го поздравува подобрувањето на односите, продемократските активисти предупредуваат дека опозициските фигури во Венецуела, меѓу нив и Мариа Корина Мачадо, сè повеќе се маргинализирани.
Иако Вашингтон успеал да заплени мала количина збогатен ураниум од Венецуела, главната цел на администрацијата на Трамп е Иран да се откаже од своите нуклеарни резерви кои и понатаму остануваат недостижни.


