Американски регулатор утврдува дали компанијата Фејсбук станала монопол – Слободен печат
ВестиВи ПрепорачувамеЕкономијаМагазинТехнологија

Американски регулатор утврдува дали компанијата Фејсбук станала монопол

Во моментов регулаторот ги интервјуира основачите на компаниите купени од Фејсбук за понатамошно разјаснување на ситуацијата.

Федералната трговска комисија на САД (ФТЦ) во рамките на антимонополска истрага во однос на Фејсбук, утврдува со какви цели оваа компанија купувала други компании и дали ја попречила конкуренцијата во технолошкиот сектор на САД.

Целта на ФТЦ е да потврди дали компанијата имала намера преку тие зделки да се ослободи од потенцијални конкуренти и на тој начин да ја попречи конкуренцијата, објави синоќа „Волстрит Журнал” повикувајќи се на неименувани извори од исртагата.

Во моментов регулаторот ги интервјуира основачите на компаниите купени од Фејсбук за понатамошно разјаснување на ситуацијата.

Според аналитичката агенција „Стандард & Пур Глобал” во изминатите 15 години Фејсбук се стекна со околу 90 компании, вклучувајќи ги „Инстаграм” и „Ватсап”. Самата компанија настојува на тоа дека тие зделки се во прилог на активен развој на иновации, што на крајот на краиштата придонело во зголемување на бројот на корисниците.

Како што е веќе извесно, ФТЦ ја казни Фејсбук со рекордна во историјата парична казна во висина од пет милјарди долари, поради кражба на лични податоци и нарушена приватност на корисниците на социјалната мрежа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close