Американски разузнавачи имаат тајни податоци од Кина, ќе го откријат потеклото на короната?

Институт за вирологија во Вухан. / Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Американските разузнавачки служби имаат во посед големи количини на податоци кои би можеле да бидат одговорот на мистеријата за потеклото на коронавирусот, дознава Си-Ен-Ен. Службите детално ги разгледуваат податоците, но најпрвин тие треба да ги дешифрираат. 

Тој огромен каталог на информации содржи генетски податоци добиени од примероци во лабораторијата во Вухан, градот од кој коронавирусот започна да се шири низ светот, потврдија изворите за Си-Ен-Ен.  

Многу од тие американски експерти сметаат дека вирусот излегол токму од таа лабораторија. 

Сѐ уште не е јасно како американските разузнавачи ги добиле тие податоци, но Си-Ен-Ен наведува дека компјутерите преку кои се создаваат и обработуваат таквите бази на податоци се поврзани со сервери базирани на „клауд технологии“, алудирајќи на можноста тие да биле пробиени. 

Си-Ен-Ен потсетува дека американските службеници поставиле рок од 90 дена за да го откријат потеклото на коронавирусот. Тие се надеваат дека прегледот на информации од Кина ќе помогне да се одговори на клучните прашања: како вирусот се пренел од животно на човек? Одговорот на тоа прашање е клучен за конечно да се утврди дали коронавирусот „протекол“ од лабораторија или природно преминал од животни на луѓе, велат изворите на Си-Ен-Ен. 

Високите американски службеници сѐ уште се поделени помеѓу две теории за потеклото на короната, и можни се комбинации на две теории – оние за лабораторијата и оние за природното ширење на вирусот. 

Си -Ен -Ен минатиот месец објави дека високи претставници на администрацијата на Бајден, кои ја надгледуваат истрагата за потеклото на корона, веруваат дека теоријата за вирус што случајно се шири од лабораторијата во Вухан е барем исто толку веродостојна како и теоријата дека вирусот потекнува од природата. 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот