Брод уништен од САД кој доѓал од Венецуела - Извор Х

Американската војска испраќа носач на авиони кон Јужна Америка – ескалира војната против наркокартелите

Американската војска ќе испрати носач на авиони во водите покрај Јужна Америка, во најновата ескалација и засилување на военото присуство во регионот, соопшти Пентагон во петокот, објави „Асошиејтед прес“.

Според портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, министерот за одбрана Пит Хегсет наредил носачот на авиони „УСС Џералд Р. Форд“ (USS Gerald R. Ford) и неговата ударна група да бидат распоредени во рамките на Јужната команда на САД „за да се зајакне американскиот капацитет за откривање, надзор и спречување незаконски актери и активности кои ја загрозуваат безбедноста и просперитетот на САД“.

ВИДЕО | Заканата станува реалност: Трамп најави можен копнен напад врз картелите во Венецуела

Распоредувањето носач на авиони претставува значително зголемување на воената моќ во регион кој веќе е сведок на необично големо американско воено присуство во Карипското Море и во водите околу Венецуела.

Министерот Хегсет порано во петокот соопшти дека американската војска спровела десетти воздушен напад врз сомнителен чамец за шверц на дрога, обвинувајќи ја бандата „Трен де Арагуa“ за управување со пловилото, при што загинале шест луѓе во Карипското Море.

ВИДЕО | САД нападнаа венецуелски брод, четворица „наркотерористи“ мртви

Темпото на нападите значително се зголемило — од еден на секои неколку недели на почетокот, до три само оваа недела, со најмалку 43 убиени од септември наваму.

Два од најновите напади биле извршени во источниот дел на Пацифичкиот Океан, со што американската војска го проширила подрачјето на операциите, насочувајќи се кон маршрутите преку кои се шверцува најголемиот дел од кокаинот произведен во светот.

Венецуела застана на страната на Колумбија против Вашингтон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот