Американската армија ликвидирала шест милитанти во Сомалија
Американската армија соопшти дека убила шест припадници на терористичката милиција Ал Шабаб во денешниот воздушен напад во Сомалија.
Препорачано
Во соопштението на Командниот центар на американската армија одговорен за Африка се посочува дека нападот бил извршен врз цели во малото гратче Адал, во областа Среден Шабел на околу 250 километри северно од главниот град Могадишу.
Сомалиската Влада вчера соопшти дека регионот е целосно ослободен од милицијата Ал Шабаб.
Американската војска во согласност со властите во Могадишу постојано извршува напади врз цели Ал Шабаб во Сомалија, воглавно со беспилотни летала.
Сомалија е земја на Рогот на Африка, со околу 16 милиони жители која со години ја потресуваат конфликти и насилство.
Владата веќе неколку месеци спроведува воена офанзива насочена против силите на Ал Шабаб. Исламистичките екстремисти контролираат големи делови од централна Сомалија, како и јужниот дел на земјата
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
11сек
-
31мин
-
45мин
-
48мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


