Американска водителка (40) која работи во Си-Ен-Ен заразена од коронавирус

Фото: Инстаграм

Американската новинарка и водителка Брук Болдвин (40) ја извести јавноста преку социјалните мрежи дека е позитивна на коронавирус.

Брук на својот Инстаграм профил објави текст во кој им се обраќа на сите следбеници и ги известува како се чувствува и каде се наоѓа.

– Јас сум позитивна на коронавирусот, но океј сум! Ова се случи вчера попладне, толку брзо, грозница, температура, болка…“, напиша водителката на својот Инстаграм профил.

„Ја почитував пропишаната социјална дистанца, како и сите останати правила, но сепак се заразив. Здрава сум, немам други болести, искрено, се чувствувам среќно и се радувам за тоа што побргу да се вратам на телевизија“, заклучи таа.

Брук во коментарите доби бројни зборови полни со поддршка, а нејзините следбеници и „испратија“ многу љубов, односно и посакаа брзо оздравување.

Инаку, Брук е водителка во американската телевизија „Си-Ен-Ен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот