Американците експресно ќе ги депортираат мигрантите

Американската Влада донела одлука со која експресно го забрзува процесот на депортација на емигрантите без потребни документи и на тој начин ќе ги заобиколува судовите.
Според новиот правилник, секој емигрант кој не ќе може да докаже дека се наоѓа на тлото на САД континуирано најмалку две години, ќе може веднаш да биде депортиран. Уредбата денеска  треба да стане официјална.
Американскиот Сојуз за граѓански слободи најави дека ќе ја оспори оваа уредба пред суд.
Во досегашната пракса, на моментална депортација беа подложни само емигрантите фатени на територија до 160 милји од границата, кои на американско тло минале помалку од две недели. Мигрантите кои биле приведувани во другите делови на САД мораа да се изведат пред суд и имаа право на адвокат.
Според новиот правилник, емигрантите ќе можат да бидат депортирани без заминување пред суд во било кој дел од САД.
Спортед мислењето на политичките аналитичари, претседателот Доналд Трамп планира построгиот пристап за решавање на емигрантскиот проблем да го прикаже како еден од темелите на својата капмања за реизбор во Белата куќа во 2020 година, пишува Индекс.хр.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот