АМЕРИКА ПУСТА: Улиците на САД како на хорор филмовите (ВИДЕО)

Архива на СП

Голем дел од САД е пуст заради пандемијата на коронавирусот. Баровите и рестораните се празни или речиси празни. Улиците не се потполно празни, но се гледа дека движењето е сведено на минимум, освен на плажите во Флорида, каде младите не преферираат да бидат совесни и да се откажат од пролетниот распуст. Контрастот помеѓу гужвите од пред само една недела и денска е исклучителен во Њујорк и Калифорнија.

Луѓето ги следат препораките и се дистанцираат додека чекаат во ред пред маркет / 18.03.2020, Њу Јорк /ФОТО: EPA-EFE/Peter Foley

Ова можеби е само почетокот. Повеќето држави по примерот на Калифорнија и Њујорк може да почнат да им наредуваат на граѓаните да останат дома за да ја смалат можноста на заразување. Така да сцените од САД би можеле да бидат уште поосамени следната недела.

Стаутата Cloud Gate, една од најпосетените туристички локации во Чикаго е празна / 19 март 2020 / ФОТО: EFE/TANNEN MAURY
На автопатот 110  забележан е екстрмно мал обем на сообраќај / 19.03.2020, Лос Анџелес, Калифорнија, САД / ФОТО: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT
Полијата внимава на лицата кои доаѓаат да се тестираат за коронавирус на првиот мобилен пункт да ги затвараат прозорите на автомобилите / САД, Стејтен Ајленд, Њујорк / 19 март 2020. EPA-EFE / Alba Vigaray
Вчера е забележан најмал обем на сообраќај во Лос Анџелес, Калифорнија / 20 март, САД / ФОТО: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT
Најпознатата улица Родео Драјв во Беверли Хилс е буквално празна. /20 март, Лос Анџелес, Калифорнија, САД / ФОТО: ‘ EPA-EFE/EUGENE GARCIA
Интернационалниот аеродром во Чикаго е празен /19 март, САД / ФОТО: EPA-EFE/TANNEN MAURY

Колку е намален обемот на сообраќајот покажуваат и вклучувањата во живо кои може да се гледаат нон-стоп на видео платформата Јутјуб:

Њујорк

Сан Франциско, Калифорнија

Санта Моника, Калифорнија

Лас Вегас, Невада

Канзас, Мисури

Бангор, Мичиген

Аеродромот „Реган“ во Вашингтон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот