Плажите на Флорида преполни, светот згрозен: Ако добијам корона, нека добијам (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Иако американскиот претседател Доналд Трамп пред три дена воведе поостри мерки за да се спречи епидемијата на новиот коронавирус, тоа изгледа не е доволно.

Така, Флорида се најде на мета на критики, откако излегоа снимки од преполни плажи, во екот на епидемијата. Гувернерот на Флорида, Рон Десантис избегнувал да ги затвори плажите на Флорида, кои од туризам годишно носат во буџетот преку 40 милијарди долари, туку ги оставил локалните општини сами да ги носат тие одлуки, пишува Си-Ен-Ен.

„Вирусот нема да ме спречи да се забавувам“

За време на здравствената криза, младите во Мајами и не се многу загрижени за коронавирусот.

Ако фатам корона, нека фатам. На крајот на денот, нема да дозволам тоа да ме спречи да се забавувам. Го чекавме пролетниот распуст, го планиравме ова патување два месеци и сега сме тука за да се забавуваме. Што ќе биде, нека биде – рекол за „Си-Би-Ес њуз“ Брејди Слејдер.

Други млади луѓе на прашањето на новинарите одговориле слично, и по се изгледаат позагрижени за пролетниот распуст отколку за вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот