Евроамбасадорот Гир не коментира за злоупотребените 2,2 милиони евра што Македонија треба да ги врати

Дејвид Гир /Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Oткако Европската канцеларија за борба против измами – ОЛАФ, побара Македонија да врати 2,2 милиони евра европски пари што биле дадени во земјава, а потоа биле злоупотребени во програмата „Еразмус Плус“, следува молк од државните институции.

Амбасадорот на Европската Унија во земјава Дејвид Гир денеска истакна дека ЕУ очекува Националната агенција да ги спроведе препораките дадени од ОЛАФ за „Еразмус Плус“.

– Во согласност со стандардните процедури не коментираме за одлуки донесени од ОЛАФ. Тоа е телото на Европската Унија за истражување измами. Очекуваме од Националната агенција за „Еразмус Плус“ во Македонија да ги испорача сите препораки дадени од ОЛАФ. Продолжуваме да имаме доверба во работата на Агенцијата за „Еразмус плус“, што значи дека остануваме убедени дека буџетот определен за „Еразмус Плус“ нема да се намали. Програмата ќе остане придобивка од која корист ќе имаат учениците, студентите, младите и универзитетите, изјави евроамбасадорот Гир.

Македонија треба да врати над два милиони евра потрошени за измами преку Еразмус+

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот