Амбасадорот Мерис: Во текот на белгиското претседателство сакаме да постигнеме резултати во проширувањето

фото: МИА, Белгискиот амбасадор во Северна Македонија, Фредерик Мерис

Проширувањето на Европската Унија е многу важна тема на агендата на белгиското претседателство. Белгија е убедена во стратешката важност на проширувањето. Исто така е убедена дека тоа е процес заснован на заслуги, којшто бара и реформи. Но, исто така, во текот на нашето претседателство, сакаме да постигнеме некои резултати во однос на проширувањето, сакаме да имаме преговарачка рамка со Украина и Молдавија, како и меѓувладини конференции со Албанија и Северна Македонија, но и отворање нови поглавја со Србија и со Црна Гора, рече белгискиот амбасадор во Северна Македонија, со седиште во Софија, Фредерик Мерис на денешното презентирање на приоритетите на белгиското претседателство со ЕУ.

Амбасадорот, на вечерашниот настан организиран во Европска куќа, го спомена и новиот План за раст за Западен Балкан, во којшто, посочи, дека треба да се финализираат сите финансиски прописи, кои треба да бидат воведени за да тој побрзо се имплементира.

„Потоа ќе работиме на постепена интеграција, а тоа значи, на кој начин секоја земја ќе учествува во процесите на Европската Унија, додека се подготвува да стане полноправна членка. Интенцијата на Белгија за секоја земја, е да може да присуствува на Советот за општи работи што ќе се одржи во април, додека иницијатиата на Комисијата е земјите-кандидати да се вклучат во Извештајот за владеењето на правото, а исто така да имаат улога во сите размислувања за иднината на Европа. Ова е наша стратешка визија, и таа стратешка визија треба да се претвори во стратешка агенда“, нагласи тој.

Aмбасадорот ги повтори шестте приоритети во претседавањето.

„Одбраната на единството и демократијата е многу е важно за сржта на ЕУ. Во практична смисла тоа е механизмот на владеење на правото кон кој секоја земја-членка која е посветена. Од амбасадорот Гир разбрав дека ЕУ добива заложби и од Северна Македонија и тоа го оценува во своите извештаи за напредокот. Белгија тоа го сфаќа сериозно. Исто така треба да го имплементира акцискиот план за европска демократија кој неодмна беше ревидиран од страна на ЕК“, додаде Мерис.

За Северна Македонија, како што рече тој, исто така е важно владеењето на правото и демократијата.

„Исто така се важни за процесот на проширување, а се разбира Белгија верува во целта на проширувањето, исто така веруваме дека тоа е процес заснован на заслуги и затоа го имаме фундаменталниот кластер за владеење на правото и демократијата и тоа го сфаќаме сериозно“, рече тој.

Нагласи дека нивното претседавање ќе го искористат за да придонесат Европа да стане поотпорна, поконкурентна и поефикасна, посочувајќи дека пред европските избори на крајот на мај, ќе се обидат да донесат мноштво закони и одлуки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот