Аматери: Фудбалер на Баерн Минхен не игра за националиот тим бидејќи Федерацијата повикот го пратила на погрешен мејл

epa09080788 Bayern's Eric Maxim Choupo-Moting in action during the UEFA Champions League round of 16, second leg soccer match between Bayern Munich and SS Lazio in Munich, Germany, 17 March 2021. EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Камерун ќе биде ослабен на натпреварите против Руанда и Зеленортските острови.

Фудбалерот на Баерн Минхен, Ерик Чупо-Мотинг нема да биде дел репрезентацијата на Камерун бидејќи Федерацијата на оваа земја повикот го испратила на погрешен мејл.
Селекторот на Камерун, Антонио Консеисаи на прес-конференција изјави дека фудбалерот на Баерн Минхен не се јавил на повикот кој му го испатила фудбалската федерација на Камерун. Но, вистината излезе на виделина по неколку дена од изјавата на селекторот Консеисао.

Имено, Камил Џаст Чупо-Мотинг, таткото на фудбалерот на Баерн Минхен, а воедно и негов агент изјави дека повик за настап во репрезентацијата воопшто не пристигнал во канцеларијата на германскиот тим.
– Федерацијата на Камерун ме контактира за да проверам што се случува. Веднаш ги контактирав луѓето во Баерн и тие ми потврдија дека не добиле никаков повик или мејл – изјави Камил Џаст Чупо-Мотинг.
Фудбалерот дури и се подготвувал за настап за својата репрезентација и добил дозвола од Баерн Минхен, но причината за неговото отсуство е во тоа што фудбалската федерација на Камерун, повикот го пратила на погрешен мејл.
– Тие повикот го испратиле на погрешен мејл. За мене она е аматеризам. Кога праќате вакви работи, бидете сигурни и проверете на кого испраќате. Не знам како ова може да биде грешка на мојот син или на клубот – вели таткото на фудбалерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот