Ало, ало: На мобилен месечно зборуваме по 3,5 часа, фиксните линии во пораст

Илустративна фотографија

Податоците на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за првите три месеци од оваа година покажуваат дека преку мобилен телефони се реализирани 1.338.211.097 милијарда минути разговор или секој претплатник во просек зборувал по 702 минути или 11,7 часа. Кон мрежи во странски држави се реализирани 3.475.486 милиони минути разговор.

Во првиот квартал во 2020 година се евдидентирани 1.897.408 милиони активни претплатници во мобилната телефонија, односно 23.605 помалку во споредба со последниот квартал лани.

Според АЕК, во првиот квартал имало 784.055 резиденцијални при-пејд претплатници, 849.936 пост-пејд, како и 263.417 деловни пост-пејд претплатници.

Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа, според податоците на регулаторното тело, во првиот квартал годинава имале 1.346.214 милиони претплатници.

Во вкупниот број на активни претплатници во мобилната телефонија во првиот квартал оваа година, најголем удел има „А1 Македонија“ до 49,87 отсто по што следи „Македонски телеком“ со 47,31 отсто, а на операторите „Лајка мобајл“ и „Роби“ отпаѓаат 1,96 отсто, односно 0,87 проценти од претплатниците.

Уделот на операторите во приходите од обезбедување на мобилни комуникациски услуги на малопродажно ниво во првиот квартал годинава, пак, е најголем кај „Македонски телеком“ кој учествува со 50,65 проценти, додека „А1 Македонија“ има 48,04 проценти, „Лајка мобајл“ – 0,55 проценти, а „Роби“ – 0,76 проценти.

Од вкупниот број на претплатници на пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G/) во првите три месеци од годинава најголемиот дел отпаѓа на „А1 Македонија“ – 50,33 проценти, „Македонски телеком“ е втор со 47,35 проценти, а „Лајка мобајл“ и „Роби“ имаат по 1,10 проценти, односно 1,22 проценти.

Според податоците за состојбата на пазарот за електронски комуникации, во првиот квартал годинава во државава се регистрирани 402.540 фиксни линии, 2.086 повеќе споредено со последниот квартал минатата година кога имало 400.454. Во јануари, во февруари и во март, македонските граѓани оствариле 39.001.409 милиони минути разговор во фиксната телефонија од кои кон мрежи во странски држави 894.685 минути.

„Македонски телеком“ со 53,70 отсто останува лидер во фиксната телефонија по што следуваат „А1 Македонија“ со 37,77 проценти, „Роби“ со 5,20 проценти, „Неотел“ со 2,61 процент и „Инфел нет плус“ со 0,72 процента.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот