Алкалоид рутински до триумф против Бутел, тројца играчи го напуштија тимот на Лазаров
Ракометниот клуб Алкалоид со победа ги заврши домашните натпревари во Суперлигата. Екипата предводена од тренерот Кирил Лазаров беше подобра од Бутел Скопје, со 37:21.
Препорачано
После првото полувреме тимот од Автокоманда имаше предност од осум голови разлика (19:11).
Најдобар стрелец на дуелот беше Улфар Тордарсон со осум гола, а Марко Стојковиќ, Урош Борзаш и Филип Николов постигнаа по пет. Голманот Ѓорѓи Николовски имаше 12 одбрани и еден одбранет седмерец.
На спротивната страна доминираше Мице Шилегов со пет погодоци, а по четири имаа Димитар Узунчев и Дејан Михајловиќ. Чуварот на мрежата Благојче Трајкоски запиша 10 интервенции.
Во последното суперлигашко коло, РК Алкалоид гостува кај РК Еурофарм Пелистер во Битола на 30 мај, додека Бутел Скопје истиот ден ќе го пречека новиот шампион Вардар 1961.
Воедно, тројца играчи го напуштија Алкалоид, Никола Маркоски, Кристијан Симоноски и Мартин Ивановски добија благодарници од клубот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
17мин
-
60мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


