Фото: Азир Алиу, министер за здравство / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Алиу: Со телемедицина ќе го решаваме недостигот на лекари, се вклучуваат специјалисти од дијаспората

Министерот за здравство, Азир Алиу, тврди дека телемедицината ќе биде една од клучните столбови за подобрување на здравствениот систем и справување со недостигот на лекари во земјата.

Говорејќи за предизвикот со заминувањето на здравствените професионалци од земјата, тој нагласи дека дел од решението лежи во вклучувањето на лекарите од дијаспората преку технологијата.

„Денес имаме голем број лекари во дијаспората кои се многу добри специјалисти, работат на високо ниво и се почитувани во земјите каде што работат. Ние не сакаме овој човечки капацитет да остане неискористен“, изјави Алиу.

Според него, преку телемедицината ќе се овозможи овие професионалци да придонесуваат директно или од далечина во здравствениот систем на Северна Македонија. Тој рече дека имал директна комуникација со претставници на академските институции и многумина од нив изразиле подготвеност да придонесат, дури и без финансиски надомест.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Телемедицина – лекување на далечина со кое се спасува живот

Проектот веќе влезе во почетната фаза на имплементација. Телемедицината е пилотирана во два града, во Дебар и во Делчево, каде што здравствените услуги се обезбедуваат од далечина од главниот град, Скопје.

„Првата фаза е пилотирање, додека втората фаза ќе се фокусира на стандардизација на процедурите за телемедицина, со цел системот да се прошири и да ги вклучи и лекарите кои работат надвор од земјата“, истакна Алиу.

Тој додаде дека третата фаза ќе вклучува развој на дигитални системи за напредни анализи, особено во областа на радиологијата. Преку овие системи, лекарите специјалисти од дијаспората ќе можат да даваат професионални мислења за случаите кои се третираат во здравствените институции во земјата.

Според министерот, телемедицината не само што ќе помогне во подобрување на пристапот до здравствени услуги, туку ќе создаде и одржлива мост-соработка со професионалците од дијаспората.

Кардиохирургија има недостиг од анестезиолози, Алиу најави размена на лекари со Словенија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот