Ален ќе ја врати зимата

Зимата овој викенд и на почетокот од следната недела на балканот се враќа и тоа поради влијанието на силниот зимски циклон Ален кој уште денеска ќе започне да го зафаќа регионот, а кај нас ќе стигне веќе во текот на утрешното попладне и вечерта кон недела, прогнозира метеорологот Славчо Поповски.

Поради големиот пад на температурите и северниот ветер во регионот на повисоките места и на планините ќе има поинтензивни снежни врнежи со што на високите места снежната покривка се очекува да достигне дури и над 30 сантиметри, снег во регионот а особено во Босна, Хрватска и Словенија се очекува понекаде да паѓа и на висина помала од 1.000 метри а исто така растат условите и за појава на утрински мраз кој и тоа како лошо ќе влијае врз земјоделието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот