Алексиќ: Вучиќ е блефер и кукавица, тој се плаши од телевизиски дуел
Заменик претседателот на Народната партија на Србија, Мирослав Алексиќ изјави дека претседателот на земјата, Александар Вучиќ е „блефер и кукавица“ и дека тој се плаши од телевизиски дуел со политичките противници.
„Вучиќ секогаш оди на блеф и не повикува нас на двобој, рачунајќи дека ние нема да прифатиме, а кога ќе дојдеме во претседателството, тој се чуди. Човек кој е сигурен во себе и не е ископлексиран не зборува цело време за храброст, како што тоа Вучиќ го прави непрекинато“ изјави Алексиќ за телевизијата Нова С.
Алексиќ вели дека во дуелите на Вучиќ со членовите на Народната партија во претседателството се целосно дивјачки и го покажуваат колапсот на државата и институциите.
„Се случува напад на еден неостварен хулиган и неговиот режим во Србија, каде уништуваат и безмилосно крадат, додека тој истовремено одбива нормален дијалог. На тоа не може да се одговори со соопштение“ додаде Алексиќ.
Тој зборуваше за кланот на Беливук, велејќи дека тоа е производ на владата на Вучиќ и дека „претседателот престанал да му се јавува на Беливук на телефон“.
„Семејството на Вучиќ имаше проблем со Беливук и потоа Вучиќ одлучи дека таа ситуација мора да се реши. Вучиќ е повеќе шеф на мафијата отколку претседател на државата. Мафијата владее со Србија. Кој претседател на држава комуницира со луѓето за кои тој вели дека прават ќебапи со убиените?“ вели Алексиќ.
Според Алексиќ владата на Вучиќ го достигна врвот на популарноста, а сега полека паѓа.
„Сега имаме уништена држава и разурнати институции. Со промената на власта прво мораме да подвлечеме црти и да одговараат сите оние кои крадеа од народот и да им се одземе украдениот имот и тој да се врати во државната каса“ додаде Алексиќ.