Алексеј Навални како тема: НАТО закажа итен состанок за денеска

НАТО закажа итен состанок за денеска на кој ќе разговара за труењето на лидерот на руската опозиција Алексеј Навални со воен нервен отров „Новичок“. Западниот воен сојуз се очекува и официјално да ја повика Русија да спроведе целосна и транспарентна истрага.

Германија: Навални отруен со нервниот гас „Новичок“, истата супстанца која беше најдена и кај Скрипал

Германија на 2 септември соопшти дека тестовите даваат „недвосмислен доказ“ дека сериозно болниот критичар на Кремљ бил затруен со „Новичок“.

На 44-годишниот Навални му се слоши на лет од Сибир кон Москва на 20 август, принудувајќи го авионот со кој патувал да изврши итно слетување во Омск, каде мина два дена во болница пред да биде евакуиран во Германија. Тој во моментот е на апарати за дишење и во индуцирана кома во одделот за интензивна нега во болница во Берлин

Навални жртва на труење: Што претставува новичок и како функционира?

Германија се обидува да подготви заедничка реакција против Русија од нејзините партнери во ЕУ и НАТО, откако канцеларката Ангела Меркел го опиша случајот на Навални како „обид за убиство со труење“.

Само Трамп го премолче труењето на Навални со новичок

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот