Александар Петковски по триумфот на кадетите на ЕХФ шампионатот: Предизвиците растат, но тоа ни е целта

фото: РФМ

Тимскиот дух и квалитетот ќе ја одведат оваа генерација кон поголеми успеси вели Петковски откако нашата репрезентација се избори за учество на кадетското СП идната година и на младинското ЕП 2024 година

Десното крило Александар Петковски (18) е член на кадетската репрезентација на Македонија која неодамна направи голем успех со освојувањето на првото место на ЕХФ шампионатот во Летонија и пласманот во А-дивизијата. Петковски беше нашиот најдобар стрелец на тој шампионат со 38 голови на пет меча, а втор најдобар стрелец на целиот шампионат. Покрај тоа, тој е еден од тројцата репрезентативци на Македонија кој се најде во најдобрата постава на целиот турнир.

Сето тоа би било импресивно само по себе, но за Петковски е уште поимпресивно затоа што претходно настапи на уште два големи натпревари, на Медитеранските игри каде одигра шест меча, а потоа настапи како репрезентативец и на ЕХФ шампионатот во Варна, Бугарија. Практично за младиот ракометар три месеци немаше одмор. Тој го издржа тоа во еден здив и не само тоа, туку и одработи на највисоко ниво.

Со успехот во Летонија оваа генерација се избори за учество на две големи натпреварувања, Светското првенство за кадети идната година и потоа на Европското првенство за младинци во 2024 година.

– Следните предизвици ни се СП и ЕП во следните две години. Ќе мора следнава сезона макотпно да работиме да го одржиме тој репрезентативне статус. Да продолжиме да напредуваме. Следното лето не чека уште потежок настан, Светското првенство (до 19 години н.з.) во Хрватска. Потоа е младинското Европско првненство во 2024 година. Предизвиците растат, но тоа ни е целта. Оваа генерација уште го нема покажано најдоброто од себе, туку допрва ќе почне да прави реузултати на големата сцена. Ќе треба да се собираме почесто, да тренираме заедно за да бидеме подготвени за тоа што не чека – вели Петковски.

Како ги издржа напорите три месеци постојано да биде ангажиран без одмор?

– Кога почнуваше сето тоа, ми изгледаше многу. Но со макотрпна работа на крајот стигнавме до целта. А целта беше уште од почетокот да ја вратиме Македонија таму каде што припаѓа, односно во А-дивизијата. Не беше лесно но, со многу желба и поддршка од тимот, успеав да го издржам тој напор од речиси три месеци да не бидам со моите, односно да бидам со репрезентацијата – вели Александар.

Упехот на овој тим се должи најмногу на една работа…

– Најголемиот квалитет на овој тим е изразениот тимски дух меѓу играчите и тренерите. Сите сме сплотени. Индивидуалните истакнувања ни беа во втор план, а гледавме само да го кренеме пехарот – вели младиот репрезентативец.

Имаа тешко финале на ЕХФ-шампионатот во Летонија, со Швајцарија како противник, но ја надминаа кризата кон крајот на мечот и победија со 24-22.

– Најтешко беше финалето. На седум-осум минути губевме два разлика, но однапред се подговувавме за таква можност. Тоа беше најтешкиот момент. Но, знаевме дека ќе се случи, дека ќе се враќаме од негатива. Верувавме дека можеме да го сториме тоа, па така и се случи. Со серија 4-0 на крајот ги победивме Швајцарците и ја освоивме титулата – вели младиот ракометар, кој од сезонава настапува за РК Алкалоид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот