Албумот „Агол“ на „Парусион груп“ е достапен во „Аудиокултура“

Слушачка промоција на новиот албум „Агол“ на македонскиот џез-состав „Парусион груп“ (Parussion group) ќе се одржи на 30 јуни (четврток), со почеток во 19 часот, во „Аудиокултура“.

Звукот од албумот ќе биде презентиран и репродуциран на аудиоопрема од „Аудиокултура“ и „teoharov Audio“. Пред 15-ина дена, на 13 јуни во малата сала на Филхармонија, албумот имаше и концертна презентација, а „Парусион груп“ тогаш настапи како ансамбл.

Албумот се состои од седум авторски композиции на Михаил Парушев, а како инструменталисти учествуваат Дамир Имери (пијано), Зоран Костадиновски (гитара), Петар Христов (кларинет, сопран и тенор саксофон), Сенад Усеин (труба), Дарко Мучев (бас-гитара), Михајло Михајловски (виолина), Сања Смилеска (виолина) и Фјола Исмаили (виолончело).

– Тоа е мојата музичка фамилија. Со нив соработувам веќе подолго време и тие се моја голема инспирација и ме мотивираат да не се откажувам од моето авторство – неодамна изјави Михаил Парушев во интервју за „Слободен печат“.

Основата на албумот е македонската музика, но во сосема нова и модерна изведба. Албумот е снимен во студиото „Тра-ла-ла“ на Мите Димовски.

Слушачката промоција на албумот во „Аудиокултура“ ќе биде уште една можност на висококвалитетна опрема јавноста да се увери во врвните изведувачки способности на македонските џез-музичари, но и во потентноста на македонската џез-сцена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот