Бајрам Бегај/ Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Албанскиот претседател Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, од денеска до сабота е во официјална посета на земјава.

Денеска и утре ќе биде во Скопје, при што ќе одржи средби со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и со претставници на државниот врв, а негова средба е најавена и со градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

Според најавите, Меџити ќе го пречека албанскиот претседател со свечен прием во Општината, по што со делегациите ќе се упатат кон џамијата Мустафа Паша, а ќе ја посетат и Старата скопска чаршија, каде што ќе положат цвеќе на споменикот на Скендербег.

Во рамки на посетата албанскиот претседател ќе го посети и Тетово. Посетата ја најави тетовскиот градоначалник Билал Касами во објава на Фејсбук.

„Во сабота, Тетово има чест да го пречека претседателот на Албанија. Оваа посета е посебен момент за зајакнување на соработката и братските врски меѓу Албанците во регионот!“, напиша Касами во објава на Фејсбук.

Поради посетата на Бегај, денеска, утре и задутре во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим.

„Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје“, соопштија од МВР.

Подгответе се за метеж следните три дена во Скопје – доаѓа во посета албанскиот претседател

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот