Албанскиот Парламент ја отфрли уредбата на Мета, „спорниот” изборен законик стапува во сила

epa08726788 European Commissioner for Neighbourhood and Enlargement Oliver Varhelyi (C) speaks in the Albanian Parliament in Tirana, Albania, 07 October 2020. European Commissioner Oliver Varhelyi visits Albania to discuss reforms due to the aspiration of Albania's European integration. EPA-EFE/MALTON DIBRA

Албанскиот парламент со 97 гласови ја отфрли уредбата на претседателот Илир Мета за преиспитување на измените и дополнувањата на Изборниот законик, усвоени од мнозинството без согласност на вонпарламентарната опозиција.

Со тоа новиот изборен законик стапува во сила автоматски, бидејќи не е потребен потпис на претседателот.

Измените и дополнувањата на законот по предлог на владејачкото мнозинство беше усвоен на пленарна седница на петти овој месец, без согласност на вонпарламентарната опозиција, по што претседателот Мета го врати на повторно разгледување.

– Овие измени на изборните правила ги кршат меѓународните демократски принципи на спроведување на изборен процес преку слободни и фер избори. Измените и дополнувањата на Изборниот законик, се направени еднострано, без сеопфатен консензус и се во спротивност со условите поставени од Европскиот совет на 25 март 2020 година и исполнувањето на 15-те услови пред првата меѓувладина конференција. Еднострано изгласаните измени во Изборниот законик од петти јуни за кој беше постигнат консензус, сериозно ја нарушуваат климата за соработка меѓу политичките сили во земјата и ја загрозуваат европската иднина на земјата, напиша меѓу другото Мета во образложението.

Поради нефункционирање на Уставниот суд, тој побара мислење од Венецијанската комисија, но премиерот Еди Рама му возврати дека нема време за чекање а мислењето на комисијата ќе биде разгледано за други избори а не за парламентарните, закажани за 25 април.

Рама не се премисли ни по барањето на еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји кој побара од албанскиот Парламент да го почека мислењето на Венецијанската комисија.

Извор:МИА

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот