АЛБАНСКИОТ БИЗНИСМЕН среде емисија го бакна во уста својот „ПРИЈАТЕЛ“ (ФОТО)
Познатиот албански бизнисмен, Елтон Илирјани, гостуваше во емисија во Топ Чанел, само неколку часа пред да замине од Албанија во САД, каде што живее и работи со години. Но, во ова последно телевизиско интервју, Елтон „подари“ интересно изненадување, но и провокација, бакнувајќи во уста еден негов пријател, кој во телевизиското студио влезе маскиран.
– Провокацијата е потребна, за да им се покаже на Албанците дека да се бакнува маж со друг маж не е ништо што ќе ве извади од памет… или две жени заедно. Во текот на целиот ден гледаме голи жени, со градите надвор, додека да бакнуваш некого од истиот пол преставува вест, па јас сакам тоа за прв пат да не претставува вест – објасни тој.
Провокациите на Елтон за време на неговиот двомесечен претстој во Албанија беа многубројни, од ставање кармин на усните до голи фотографии, но и несогласувањата кои ги имаше со некои политички фигури.
Елтон Илирјани во албанската јавност е познат како успешен бизнисмен. Тој потекнува од албанскиот град Тепелена, додека пред неколку години јавно пред албанската јавност призна дека е геј.