Албанската Влада ќе ги поддржува младите брачни парови со ниски каматни кредити

Албанската Влада подготвува посебна програма за помош на младите брачни парови во која се вклучени, лекари специјалисти, полицајци и војници на кои ќе им се обезбеди дом каде што државата ќе се погрижи давајќи им добри работни услови и ниски каматни кредити.
„За сите млади, нововенчани парови кои се предмет на оваа програма каде што Владата ќе го поддржи нивното кредитирање за да имаат можност да добијат дом со сосема поинакви услови од оние на банкарскиот пазар и на тој начин ќе им дадеме мотивација и силно веруваме дека тоа е обврска за државата да го преземе во услови кога исполнувањето на потребите е цел што дефинитивно ќе ја постигнеме“, рече Рама.
Во функција ќе биде автономијата на болницата која не само што финансиски ќе ги оценува лекарите туку и ќе се бори против корупцијата во јавниот здравствен систем.