Албанската полиција заплени 142 канти со сирење шверцувани од Северна Македонија – Слободен печат
Хроника

Албанската полиција заплени 142 канти со сирење шверцувани од Северна Македонија

Шверцуваната стока била откриена на патниот правец Либражд – Елбасан.

Албанската полиција во заедничка акција со припадници на Секторот за стопански и финансиски криминал при Полицискиот комесаријат во Елбасан, заплени канти со сирење прошверцувани од Северна Македонија.

Станува збор за 142 канти со сирење, но не се наведува вкупната тежина на запленетата стока.

Шверцуваната стока била откриена на патниот правец Либражд – Елбасан, при контрола на возилото со кое управувал 32-годишен жител на Тирана, кој е приведен.

Доказниот материја е доставен до Обвинителството при Основниот суд во Елбасан, а осомничениот ќе одговара за „трговија и транспорт на шверцувана стока” и „затајување приходи”

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close