Албанската полиција ги поврза уапсените со кокаин во Македонија со случај на шверц од 2021 година

Заплена на кокаин / фото: МИА

По повеќемесечна истрага за заплена на 300 килограми кокаин во пристаништето Драч, властите на Северна Македонија уапсија 4 лица како осомничени за кривични дела меѓународна трговија со наркотици извршени во рамките на структурирана криминална група.

Специјалното обвинителство во Албанија во средата соопшти дека во соработка со македонските власти уапсени се уште 4 лица осомничени дека се вмешани во обидот за транспорт на 324 килограми и 400 грама кокаин во Италија.

Дрогата е запленета на пристаништето Драч на 18 јуни 2021 година, додека Назиф Ајроски од Северна Македонија управувал камион и се обидувал да премине од пристаништето Драч во Италија.

Наркотичната материја од типот кокаин била пронајдена во резервоарот на камионот, спакуван во 300 пакувања завиткани во натрибан.

Ајроски е испратен на судење обвинет за кривичните дела „Трговија со наркотици“, „Структурирана криминална група“ и „Извршување кривични дела од криминална организација и структурирана криминална група“ и е осуден на 8 години затвор.

СПАК ја продолжи истрагата во посебна кривична постапка и во соработка со властите во Северна Македонија идентификуваше уште 4 лица инволвирани во оваа криминална активност.

СПАК соопшти дека тие биле уапсени пред два дена од властите на Северна Македонија и се осомничени дека се вмешани во обид за меѓународна трговија со наркотици, извршен во рамките на структурирана криминална група.

Од сликите што тогаш ги дистрибуираше албанската државна полиција, дрогата била спакувана во пакетчиња со различни шифри. Тие се состоеја од 7 симболи и натписи, кои ги претставуваат нејзините патрони.

Пакетите биле камуфлирани под шифрите на „Чикаго Булс“ – логото на американскиот професионален кошаркарски тим со седиште во Чикаго, логото на фудбалскиот клуб „Пари Сен Жермен“, симболот со глава на тигар, логото на „Кристијан Диор“, луксузна француска модна куќа и уште 3 симболи.

Полицијата тогаш соопшти дека дрогата била запленета со рутинска работа на Работната група формирана на пристаништето, составена од Граничната полиција Драч, Криминалната полиција на Управата на полицијата во Драч и царината.

Албанските власти во текот на 2021 и 2022 година реализираа неколку случаи на обид за внесување наркотици од типот на кокаин во Албанија, кои главно потекнуваат од земјите од Латинска Америка и најчесто биле пронајдени во контејнери за транспорт на банани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот