Албанија изгубила 112.000 деца за една деценија, се затворило секое петто основно училиште
Бројот на ученици во основните и средните училиштата во Албанија се намалува, во просек за 10 илјади ученици секоја година.
Препорачано
Податоците на Институтот за статистика (ИНСТАТ) покажуваат дека во 2015 година имало 362 илјади ученици во предуниверзитетско образование, додека во учебната 2024-2025 година 250 илјади. 112 илјади ученици помалку во предуниверзитетско образование, во рок од една деценија, што е намалување од 31 отсто, пренесоа локалните медиуми.
Падот е уште поголем кога се зборува за основното образование, со 125 илјади деца помалку во училиште помеѓу 2014 и 2024 година. Само во последните пет години, албанското образование изгубило над 61.000 ученици.
Главните причини за овие бројки се поврзани со намалувањето на наталитетот и масовната емиграција.
Последица од оваа криза е затворањето на училиштата: од 2012 до 2022 година, се затворија 295 деветолетки, што претставува над 22 отсто од вкупниот број – или секое петто училиште во државата.
Разбирливо и бројот на ученици кои за првпат седнуваат во ученичка клупа, исто така, се намалува. Пред една деценија, околу 35.000 – 38.000 ученици се запишуваа во прво одделение. Во оваа нова учебна година имаше 26.500 ученици.


