Албанија и Косово остануваат најсиромашните земји во Европа

Фото: EPA/VALDRIN XHEMAJ

Албанија и Косово повторно се рангирани од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) како најсиромашни земји во Европа во 2023 година, врз основа на приходот по глава на жител, кој се мери со пресметување на куповната моќ, реален показател за тоа колку вредат парите за жителите на една земја. Бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител врз основа на паритетот на куповната моќ, е бруто-домашен производ конвертиран во меѓународнидолари користејќи стапки на паритет на куповната моќ.

Меѓународен долар има иста куповна моќ над БДП како американскиот долар во Соединетите држави. Според ажурираните податоци на ММФ во Global Economic Outlook 2023, а обработени од „Монитор“, Албанија е рангирана на последното место во Европа со приход по глава на жител од 19 илјади меѓународни долари. Косово е рангирана по Албанија, која го има овој показател уште понизок, од 15,6 илјади меѓународни долари.

Босна и Херцеговина има малку повисок приход од албанските жители со 19,6 илјади меѓународни долари, Северна Македонија 21,1 илјади, Србија со 25,4 и Црна Гора продолжува да биде на врвот во регионот со 27,6 илјади меѓународни долари. Европскиот просек е речиси 50.000, додека приходот по глава на жител на Албанија, мерено според куповната моќ, е речиси половина од оној на Источна Европа.

Прогнозите на Меѓународниот монетарен фонд се протегаат до 2028 година, каде повторно и Албанија и Косово се проценуваат дека ќе останат најсиромашни во Европа. И според другиот директен показател, тој на Бруто домашниот производ по глава на жител, кој за Албанија достигна 7 илјади долари, повторно според проценките на ММФ за 2023 година, заедно со Косово, кој е на ниво од 5.600 долари се на дното.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот