Ал Келаифи: Покрај Меси, Нејмар и Мбапе, тешко е да се размислува за Роналдо

фото: EPA-EFE/Abedin Taherkenareh

Непосредно пред почетокот на Светското првенство во Катар, Кристијано Роналдо спогодбено раскина со Манчестер јунајтед.

Сега португалскиот репрезентативец се поврзува со голем број на клубови, во изминатиот период шпанската „Марка“ објави дека Роналдо од 1 јануари ќе игра во Ал-Наср од Саудиска Арабија, но тоа излезе како неточна информација.

Моментно со националната селекција на Мундијалот каде во четвртфиналето ќе игра в сабота против Мароко.

И во минатото се шпекулираше можен трансфер на Португалецот во богатиот ПСЖ, а претседателот на францускиот клуб, Насер Ал Келаифи реагираше на новите гласини дека париските „светците“ би можел да го ангажираат Роналдо.

– Потпишување со Роналдо? Покрај тројцата играчи кои ги имаме (Меси, Нејмар и Мбапе) многу е тешко да се размислува за Роналдо. Му посакувам сè најдобро. Тој е фантастичен и сè уште неверојатен играч – изјави Ал Келаифи за „Скај“.

Во својата клупска кариера Роналдо играше за Спортинг од Лисабон, Манчестер јунајтедд, Реал Мадрид и Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот