Активистот Џими Лаи се изјасни за невин пред судот во Хонг Конг
Издавачот и активист за демократија Џими Лаи се изјасни за невин за наводните прекршувања на контроверзниот закон за безбедност на Хонг Конг, пренесува Би-Би-Си.
Препорачано
Седумдесет и шест-годишникот се појави пред суд во областа западен Коулун. Лаи е основач на продемократскиот хонгконшки весник „Епл дејли“, кој беше принуден да се затвори откако беше цел на властите поради наводно прекршување на Законот за национална безбедност на Кина.
Лаи веќе е осуден на две затворски казни и е затворен на три години. Доколку Лаи биде прогласен за виновен и во сегашното судење, може да се соочи со доживотна казна затвор. Судскиот процес, кој започна на 18 декември, се очекува да трае неколку месеци.
Законот за безбедност, воведен од Пекинг во јуни 2020 година по огромните протести за поголема демократија во Хонг Конг, масовно ги ограничува политичките права на опозицијата, како и на организациите за граѓански права.
Законот е насочен кон активисти кои Пекинг ги гледа како субверзивни, сепаратистички, терористички или заговорни.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
5час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


