Активистката Мерсиха Смаиловиќ против дискриминацијата во ИВЗ: Ако се срамите од нашите марами, отстапете од функциите!

Мерсиха Смаиловиќ, активистка за човекови права
Мерсиха Смаиловиќ, активистка за човекови права / Утрински брифинг

„Исламска верска заедница на РСМ, нека ви е среќен Рамазан Бајрам. Го дочекавте во духот дискриминацијата“ – вака активистиката Мерсиха Смаиловиќ реагира на исклучувањето на жените од официјалните чествувања на големиот муслимански празник, кои ги организираше ИВЗ.

„Каде исчезнаа сите рамазански пораки на солидарноста и единството? Организирате прослави исклучувајќи 50% од вашите членови, жената муслиманка! Од кој исламски текст ја доживувате таа супериорност над нас? Ако се срамите од нашите марами, од нашиот идентитет, ОТСТАПЕТЕ од функциите и дозволите да ја водат исламската заедница поединци кои знаат дека БАЈРАМ е празник за СИТЕ муслимани и муслиманки!“, вели Смаиловиќ во објава на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот