Актерот Кевин Харт стана татко по 4-ти пат: Среќниот пар доби девојче

instagram

Американскиот актер и комичар Кевин Харт (41) и неговата сопруга Енико Харт (36) пред три дена станаа родители на девојче.

Сопругата на актерот објави илустрирана слика на својот Инстаграм профил на која пишува „9 месеци се подготвував да се вљубам за цел живот“.

Instagram

„Благодарна. Благословена. Мало парче од рајот испратено на земјата… Добредојде во светот девојче. Те сакаме премногу“, напишала таа.

Енико открила дека девојчето се вика Каори Меи Харт и дека веќе им ги „украла“ срцата. Брачниот пар е пресреќен за својата принова.

Instagram

„Те сакаме и сме воодушени што имаме девојче на пат. Бог е неверојатен. Благословени сме што те имаме во нашите животи. Сè што можам да кажам е благодарам“, Кевин Харт напишал на својот Инстаграм профил во мај годинава.

Со години во јавноста кружат приказни дека Кевин не е толку прекрасен сопруг како што се преставува. Пред три години излезе веста дека ја изневерил својата бремена сопруга со Монтија Сабаг (30).

Монија рекла дека нејзината средба со актерот се случила во хотелска соба во Лас Вегас во 2017 година. Во собата имало поставено камери кои ги снимиле интимните односи на Харт и Сабаг. Видеото трае три минути, а во јавноста беше објавено во септември 2017 година.

Неговата сопруга дознала за неверството преку порака, а по неколку недели, парот повторно се смирил.

Кевин Харт со Енико и трите деца / Instagram

Енико и Кевин се во брак од 2016 година и го имаат синот Кензо Кеша (2). Комичарот претходно беше во брак со Тореј Харт од 2003 до 2011 годинак со која имаат две деца Хејвеј (15) и синот Хендрикс (12).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот