Актерката во тајност го родила третото дете: „Кога би можела би имала триесет деца“

профимедиа

Семејството на познатиот актерски пар неодамна се проширило за уште еден член, наведуваат странските медиуми.

Актерката Блејк Лајвли го родила третото дете и тоа пред два месеци. Актерката и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс успеале информациите за породувањето да ги задржат во целосна тајност и засега не е познато дали во семејството пристигнало девојче или момче.

https://www.instagram.com/p/BpRyHBpgS3J/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=dlfix

Веста за бременоста Лајвли со светот ја сподели на почетокот на месец мај на премиерата на еден филм, каде што го покажа трудничкиот стомак.

Фановите на актерскиот пар очекуваат наскоро Рајан и Блејк да го објават полот на нивното дете и неговото име.

https://www.instagram.com/p/BmehTFVje2P/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=dlfix

Блејк и Рајан се во брак од 2012-та година и се еден од најомилените парови во Холивуд. Во нивниот брак досега имаат две ќерки.

Актерката пред неколку години во едно интервју зборуваше за родителството и во таа прилика изјави дека би сакала да има триесет деца доколку би можела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот