Актерката од „Мама миа!“ фатена во прељубничка врска со женет актер

Profimedia

Актерката Лили Џејмс (31), позната по улогата во второто продолжение на „Мама миа!“, деновиве требаше да биде во сите медиуми промовирајќи го својот нов филм, драмата „Ребека“ на „Нетфликс“, римејк на класиката на Алфред Хичкок.

Profimedia

Но, иако филмот пристигнува на „Нетфликс“ оваа среда, Лили ги откажа сите настапи во медиумите. Најновиот во „Тудеј шоу“ на Ен-би-си.

Прељубничко патување

Причината за тоа е јасна, во прашање е романтичното патување во Рим со оженетиот актер Доминик Вест (50) пред една недела, што се претвори во скандал од светски размери откако папараците ги фатија како разменуваат нежности.

Profimedia

Лили исто така треба да се појави во „Вечерно шоу“ на Џими Фалон в четврток, но според неофицијални информации, нема да се одржи ниту тоа гостување.

Ова бегање од медиумите и од јавноста е логична реакција на актерите фатени во неверство. Оттогаш помина една недела. Лили и Доминик, кои заедно глумат во „Извршување на љубовта“ на Би-би-си, уживале во дводневниот одмор во Италија, каде што биле сместени во заеднички хотелски апартман, се возеле на тротинет низ Рим, а потоа се бакнувале на ручекот.

Сопругата го простила неверството

Интересно е тоа што Доминик, познат по улогата во серијата „Аферата“, не го носел венчалниот прстен во текот на „прељубничкиот“ одмор со младата Лили, а веќе неколку денови подоцна, во договор со сопругата, го прогласи нивниот брак за „цврст“.

Profimedia

Доминик и Лили дури и по заминувањето од Рим биле забележани „како се бакнуваат и се прегрнуваат“ за време на летот на „Бритиш ервејс“ од Италија за Британија, тврдат очевидците, пренесува „Дејли мејл“. Нивното неверство е поткрепено со многу фотографии од аеродромот и од Рим.

Тие биле забележани како криејќи се под заштитните маски за лице се пробиваат низ терминалот во Рим за да го фатат летот за Британија, а неименуван извор за таблоидот „Сан“ тврди дека во текот на летот цело време разменувале нежности.

Profimedia

Отпрвин мислев дека е негова ќерка, бидејќи знаев дека има околу 50 години, а се гледа дека таа е многу помлада. Неколку минути по полетувањето на авионот, тие почнаа да се бакнуваат и да се галат откако и двајцата ги тргнаа маските. Изгледаа како двојка која штотуку тргнува на „валкан“ викенд и цело време разменуваа нежности. Тие се бакнуваа насекаде – изјавил извор за британските медиуми.

А, на една од фотографиите од аеродромот, Лили е фатена како одмора на рамото на Доминик, пред да се качи во авионот.

Иако неговата сопруга Кетрин Фицџералд е шокирана од прељубничките фотографии објавени во медиумите, очигледно е дека му го простила неверството на Доминик, со кого има четири деца.

Доминик Вест и неговата сопруга Кетрин Фицџералд пред нивниот дом во Вилтшир, 13.10.2020 / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот