Актерката Марки Пост почина по долга борба со тешка болест

Фото: Instagram

Холивудската актерка, позната по серијата „Ноќна судница“ и улогата во филмот „Нешто во врска со Мери“, почина на 70 години по четиригодишна борба со рак.

„Таа беше посебна личност, не само во актерството. Беше жена што знаеше да испече колачи за пријателите, да им сошие завеси за новиот апартман. Таа беше неверојатно грижлива и љубезна личност во овој, честопати, тежок и груб свет“, објави нејзиното семејство.


Актерката беше родена во 1950 година, во Паоло Алто, Калифорнија. Марки почнала да работи како продуцентка на квизот „Двоен предизвик“, а првпат застанала пред камерите во70-тите години кога почнала да се појавува во телевизиски серии „Барнаби Џонс“, „Неверојатниот Хулк“, „Синдромот Лазаруст“ и други.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 80smaximum (@80smaximum)


Оттогаш нејзината телевизиска кариера започнала да оди во нагорна линија и добивала улоги во сериозни проекти како „Љубовен брод“, „А-тим“ и други, пред да ја добие улогата на Тери Мајклс во серијата „Лажно обвинет“ каде што играше од 1982 до 1985 година. Потоа таа се појави во 159 епизоди од комедијата „Ноќна судница“ каде што ја глумеше јавната обвинителка Кристин Саливан од 1985 до 1992 година. Нејзините обожаватели ја паметат и по улогата во комедијата од 1998 година „Нешто во врска со Мери“, каде што ја глумеше мајката на ликот што го играше Камерон Дијаз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michael Gordon (@newlegendmike)

Марки се појави и во сериите „Полицијата на Чикаго“ и „Децата се добри“. Откако ѝ беше дијагностициран ракот, таа продолжи да глуми и се појави во комедијата „Диетата Санта Кларита“ на Нетфликс. Зад себе ги остави сопругот, продуцентот и сценарист Мајкл А. Рос, и ќерките Кејт Армстронг Рос и Дејзи Шоенборн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот