Актерка испиша историја на Златните глобуси: Го донесе своето куче водич за слепи на црвениот тепих

Фото: OConnor-Arroyo / AFF-USA.com / PA Images / Profimedia// Jennifer Bloc / imago stock&people / Profimedia

Актерката Арија Миа Лоберти (30), ѕвездата на серијата „Цела светлина што не можеме да ја видиме“ (All The Light We Cannot See), блесна на црвениот тепих за време на Златните глобуси, а момент за восхит беше тоа што на црвениот тепих со себе го донесе своето куче водич за слепи, Мис Ингрид, пишува „Ентертејмент викли“.

Арија е слепа, а со овој потег, како што вели, испиша историја на Златните глобуси.

– Ова е првпат куче водич за слепи да се најде на црвениот тепих – изјави актерката. Таа зборуваше и за важноста на нејзината улога во серијата, која беше номинирана за Златен глобус.

– Ова е првпат во историјата да имаме автентична слика на лик во филм со ваква големина. Ми беше чест да ја претставувам мојата заедница и култура. Ова никогаш досега не е направено и тоа е многу голема одговорност – изјави Арија.

Во серијата, Лоберти играше слепа девојка од Франција која запознава германски војник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот