„Ако Сер Алекс Фергусон може да замине, никој не е сигурен во Манчестер јунајтед“
Бурни реакции во јавноста на Островот предизвика отказот од Манчестер јунајтед за Сер Алекс Фергусон.
Препорачано
Раководството на клубот предводено од Сер Џим Ретклиф одлучи да го отпушти најуспешниот менаџер во историјата на клубот кој имаше амбасадорска улога, а причината е намалување на трошоците.
Критики кон раководството за испрати Ерик Кантона кој одлуката ја нарече скандалозна.
„Сер Алекс Фергусон треба да може да прави што сака во Манчестер јујнајтед додека е жив. Покажаа непочитување. Ова е скандалозно, Сер Алекс секогаш ќе биде мојот шеф. Сите би ги фрлил во една полна торба со го*на“, порача Кантона.
Во јавноста се огласи и уште еден поранешен играч на „црвените ѓаволи“, Рио Фердинанд кој смета дека газдите на клубот со разделбата со Фергусон сакале да испратат јасна порака.
„Ако Сер Алекс Фергусон може да си замине од клубот, тогаш никој не е сигурен во Манчестер јунајтед. Секој може да биде избркан и заменет. ИНЕОС испрати порака до сите“, изјави Фердинанд.
На Островот се пишува и за понижувачки однос на Манчестер јунајтед во периодот пред Фергусон да биде отпуштен. Како што се пренесува на легендарниот шкотски стратег му било забрането и да влегува во соблекувалната на клубот, па по таквиот однос Фергусон сам го побарал разговорот на кој му била соопштена одлуката.


