Ако САД извршат копнена инвазија, Иран подготвува „изненадување“ на море
Клучниот премин кон Суецкиот канал, каналот Баб ел Мандеб е меѓу најважните стратешки канали во светот, а Иран има и волја и способност да создаде сосема веродостојна закана за него, предупреди истиот извор.
Во случај на американска копнена инвазија, Иран ќе отвори нов фронт во клучниот канал за глобалниот поморски сообраќај, кој го поврзува Црвеното Море со Аденскиот Залив, изјави денеска ирански извор близок до војската, пренесува тамошната агенција Тасним.
Препорачано
Клучниот премин кон Суецкиот канал, каналот Баб ел Мандеб е меѓу најважните стратешки канали во светот, а Иран има и волја и способност да создаде сосема веродостојна закана за него, предупреди истиот извор.
„Ако непријателот се обиде со копнен напад врз иранските острови или на кое било друго место на нашата територија, ќе отвориме други фронтови како изненадување“, додаде изворот.
Соединетите Американски Држави и Израел на 28 февруари започнаа воздушни напади врз Иран, на што Техеран одговори со напади врз американското присуство во регионот.
Конфликтот се прошири и во Либан, каде што израелските сили го гаѓаат југот на земјата, каде што сметаат дека се наоѓа упориштето на проиранското движење Хезболах.
ВИДЕО | Вака би можела да изгледа копнената инвазија на маринците врз иранскиот остров Харг
„Вратите на пеколот се отворени“ – Вашингтон испрати брутална порака до Техеран


