„Ако не го продолжите породилното, ќе бараме средба во Влада“(ФОТО)
Мајките прашуваат зошто Владата не ја зема во предвид препораката од Комисијата за заразни боолести, според која породилнито отсуство за родители на деца до 6 години требапше да биде до 31 декември.
Петицијата за породолжување на породилнито отсуство до крајот на годинава ја потпишале 3325 мајки, коишто денеска на протест пред Владата побараа дома да останат со своите деца до крајот на годинава, затоа што следува појачан есенски бран на коронавирусот во комбинација со сезонскиот грип.
Препорачано

Околу 150 родители се излезени на денешниот протест со транспаренти со раце со следнава содржина: Дали вашите деца ќе ги пуштите во градинка?, Вашите деца не се поважни од нашите?, За нашите деца ги спремавте монтажните болници?, Комисијата за заразни болести не ви е валидна?.

Како што истакна претставничката на организаторите на протестот, Милена Дабеска Симовска, родителките се загрижени дека нема да се зголемат групите од 6 на 12 дечиња.

Понатаму истакнаа дека за адаптација на детото е потребно еден месец, а не една недела, прашаа кога ќе има нови уписи за градинка за тие родители кои го пропуштиле претходниот упис и кој ќе ја покрие платата на мајка чие дете се заразило и мора да е во карантин.

На протестот беше истакнато дека околу 150 мајки дале отказ и доколку владата не ги прифати нивните барања следниот чекор е да се инсистира на средба со владини претставници на којашто дополнително ќе се изложи проблемот.

Мајките прашуваат зошто Владата не ја зема во предвид препораката од Комисијата за заразни боолести, според која породилнито отсуство за родители на деца до 6 години требаше да биде до 31 декември.

Беше истакнато дека мајките се оставени меѓу два огна, дали да се борат за егзистенција или да се грижат за своите деца.



Започна протестот пред Влада- За нашите деца ги спремавте монтажните болници? (ФОТО)


