Започна протестот пред Влада- За нашите деца ги спремавте монтажните болници? (ФОТО)

Револтирани мајки протестираат пред Владата/Фото: Слободен печат

Започна протестот пред Владата на револтираните родители кои бараат да се продолжи породилното отсуство до карајот на 2020 година.

Транспаренти пред Влада/ Фото: Слободен печат

На протестот се излезени околу четириесетина родителите со транспаренти во раце, а на нив пораки со содржина: Дали вашите деца ќе ги пуштите во градинка?, Вашите деца не се поважни од нашите?, За нашите деца ги спремавте монтажните болници?, Комисијата за заразни болести не ви е валидна?.

Фото: Слободен печат

Мајките моментално ја блокираа „Илинденска“, протестот се одвива по сите протоколи, со заштитна опрема.

Револтирани родители пред Влада/ Фото: Слободен печат

Нивните барања се породилното да се продолжи до крајот на годинава од повеќе причини, како немање место и капацитет во јаслите, но и оправдан страв дека малите деца неадаптирани на условите на однесување во група, се во голем ризик да се заразат од коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот