Ако чувствувате лутина и бес – чкртајте!

Невербалното изразување како што се цртањето и сликањето, се користи во различни облици на психотерапијата, а вие можете сами да си ја одредите својата терапија.

Не ви е потребен талент, ниту пак инспирација, сепак не спремате изложба и никој нема да го оценува вашиот цртеж. Потребни ви се само хартија, боици, фломастери или што и да ви е прво на дофат и најпрактично.

Психолозите се согласуваат со тоа дека креативниот невербален начин на изразување, цртањето и сликањето, ви овозможува да стекнете нов увид кон внатрешноста на вашиот живот. Некои одредени форми при цртањето или некои потези, се поврзани со одредени чувства и состојби, односно потсвесно делуваат на смирување и правилно насочување на одредените емоции.

Доколку не знаете како да почнете, еве ви неколку предлози.

Кога сте уморни, празни, без енергија и се чувствувате „затупено“ (како мозокот да ви е во магла), цртајте цвеќе.

Цртањето рози, цветови со стебло (зависи од вашите способности) или пак само неколку ливчиња, ќе ве освежи и одмори. Можете да гледате во некоја слика од цвет и да се насочите кон неа. Ваквото цртање потполно ќе ве окупира и ќе го одмори вашиот мозок.

Ако чувствувате лутина и бес – чкртајте!
Цртајте линии, закривени, прави, цртки, вертикални, коси, со геометриски облик или без. Цртањето на линии ги пренасочува чувствата на бес и лутина.

Ако чувствувате болка, емотивна или физичка, обидете се да моделирате нешто од хартија, глина или пак ткаенина.

Исто така можете да составувате сложувалка. Оваа активност ги смирува центрите за болка во мозокот.

Доколку ви е досадно, нервозни сте, се чувствувате изгубено, бесмислено и немате концентрација, а ви треба некаков фокус – почнете да боите.

Постојат боенки за возрасни кои можете да ги симнете од интернет и да ги испринтате. Доколку пак навистина сакате и умеете да цртате, нацртајте нешто што го владеете и посветете му се на неговото боење.

Ако ве обзема тага – цртајте виножито.
Виножитото ви ја одзема тагата, обидете се! Замислете глетка која толку пати сте ја виделе во животот и сигурно ве исполнила со восхит и среќа, обидете се истото тоа да го пренесете на хартија.

Стравот се канализира со плетење, шиење и везење.
Овој вид рачен труд ќе ви помогне да се задлабочите во работата, да се почувствувате стабилно и сигурно.

Доколку се грижите, треперите, ве обзема анксиозност и не ви помага ништо што си велите самите на себе за да се смирите – дизајнирате кукла.
Можете да нацртате и да исечете кукла од хартија или пак обидете се да ја моделирате. За тоа може да ви послужи и обична износена чорапа која ќе ја врзете така што ќе ги одвоите главата, трупот и долниот дел на телото, а косата можете да ја направите од волна. Овој процес на креирање ќе ви помогне да ја ослободите енергијата која била заглавена во вас и анксиозноста да прерасне во нешто креативно.

Ако чувствувате огорченост, разочарување, се соочувате со чувството на предавство и измама, искинете лист хартија на ситни делчиња и потоа наредете ги во некаков облик.
Исто така може да исечете и парчиња колаж што ќе може да ги лепите, така што ќе имате свој мал мозаик.

Напнатоста најдобро ќе ја пренасочите со цртање на обрасци – шари, облици, цветови или линии кои се повторуваат, како да плетете со моливот. Ваквиот начин на цртање ќе ви помогне да се опуштите.
Најверојатно правите нешто слично и додека сте на некој состанок или заедно држите тетратка и пенкало и се обидувате да ги тргнете нервозата и напнатоста.

Кога се чувствувате збунето, изгубено и дезориентирано, цртајте „мандала“. 
Тоа е убав и комплексен цртеж кој тргнува од центарот и се шири во линии, во облици на круг. Секако можете да гледате и во некоја „мандала“ која многу ви се допаѓа и да се обидете да нацртате слична.

Ако сте очајни, нацртајте пат. 
Тоа е пат од состојбата во која се наоѓате, а конкретниот напор што ќе го вложите во осмислување на цртежот, ќе ги покрене вашите психолошки ресурси (симболиката на патот, потребата за излез и конкретна акција изразена низ цртеж, ќе ја насочи вашата енергија кон тој излез и ќе го поттикне процесот на разрешување во вашиот ум и вашата потсвест).

Доколку се обидувате да направите избор, се колебате и стравувате дека ќе згрешите, цртајте брановидни линии и кругови.
Ако се чувствувате дека со тој избор се наоѓате на некаков пресврт, цртајте спирали, вртлози и спирални линии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот