Алис Вајдел им се обраќа на поддржувачите на АфД по гласањето на изборите за Бундестагот / Фото: EPA-EFE/SOEREN STACHE / POOL

Ако ЦДУ соработува со левицата, брзо ќе има избори и ќе ја престигнеме, вели лидерката на АфД

Алис Вајдел, претседателката на ултрадесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), им се обрати на своите поддржувачи по објавувањето на првичните изборни резултати. Според објавените изборни анкети, партијата освоила нешто помалку од 20 отсто од гласовите, јавува ДПА.

„Го удвоивме бројот на гласови, додека други изгубија половина од своите“, им порача таа на насобраните поддржувачи, предизвикувајќи овации. „Ако овие први резултати се точни, тогаш знаеме што да очекуваме“.

Вајдел изјави дека нејзината партија е подготвена да учествува во идната влада.

„Нашата рака секогаш ќе биде подадена за учество во власта, за да ја спроведеме волјата на народот, волјата на Германија, им рече Вајдел на симпатизерите.

Централно-десничарскиот блок ЦДУ/ЦСУ води според излезните анкети, а лидерот на коалицијата Фридрих Мерц постојано ја отфрла можноста за коалиција со АфД.

Вајдел се осврна и на можноста партијата со најмногу освоени гласови, ЦДУ на Фридрих Мерц (околу 28 отсто) да соработува со левичарските партии во новата влада.

„Ако ЦДУ ја предаде својата програма и одлучи да соработува со Левицата, можам да ве уверам дека следните избори ќе дојдат побрзо отколку што очекуваат и тогаш ќе ја престигнеме ЦДУ како најсилна партија во Германија“, рекла Вајдел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот