Фото: МИА

Акционерите во компанијата „Маркс & Спенсер“ останаа без дивиденди

Познатата британска марка и деловна групација „Маркс & Спенсер“ денеска предупреди дека продажбата на облека, покуќнина и меѓународни операции во следните 9 до 12 месеци ќе бидат сериозно погодени од епидемијата на новиот коронавирус.

Поради тоа групацијата донесе одлука да не исплати дивиденди на акционерите за деловната 2019-2020 година. Со неисплаќањето на дивидентата, компанијата ќе заштеди 154 милиони долари. Тие велат дека не се во состојба да направат реална проекција на приходи за 2020-2021 година, но дека посткризната деловна перспектива на групацијата е многу добра.

– Компанијата не ја запре работата ниту за време на двете светски војни, ни за време на терористичките напади, ниту во време на бројни локални несреќи и елементарни непогоди и одлучна е и сега да продолжи да работи за своите клиенти, како што тоа секогаш го правела – изјави претставник на компанијата, која има 136 години традиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот