АХВ: „Харизма“ е делумно регистрирана – делот за печење месо нема одобрение

Фото: Архива

Во врска со труењето со месо во Прилеп се огласи и Агенцијата за храна и ветеринарство. Како што информираат оттаму, со извршената контрола утврдено е дека месарницата „Харизма“ е регистрирана во АХВ, а објектот кој е одвоен од месарницата и каде се печело месото нема одобрение за работа, односно, не е регистрирано во АХВ. 

Од страна на инспекциските служби, нерегистрираниот објект каде се печело месото е затворен за работа, а на управителот за сторениот прекршок, му е изречена глоба согласно Законот за прекршоци.

Вработените лица во овој објект упатени се на вонреден санитарен преглед, земени се мостри од храната која се подготвувала во овој објект (плескавици) и брисеви од работните површини.

Од страна на епидемиолошката служба направена е епидемиолошка анкета со цел утврдување на причините за труењето.

Инспекциските служби на АХВ направија контрола и во месарницата при што не се утврдени недоследности. Последна контрола во овој објект АХВ спровела во април годинава. 

Дванаесет прилепчани завршија со труење во болница откако јаделе скара од месарница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот